Мајкл Корс има пасош за гламур
•
11 март 2014
Дизајнерот Мајкл Корс ја откри својата нова кампања за пролет 2014.
„Пасош за гламур“ е насловот, а ги претставува аксесоарите за претстојната сезона. Со оглед на наслвот, голем дел од колекцијата е во златни и неутрални тонови. Изборот на чанти е голем, од кожени до еко, како и тексасните, а покрај убавата палета на бои од зелени до сини и беж, впечатливо е што дизајнерот и текстурата ја става во преден план.
Корс мислел и на љубителите на органската мода, па помеѓу другите, има и чанта составена од јажиња.
Како заштитни лица се појавуваат Педару и Симон Несманом, кои и претходно беа дел од неговите кампањи. Посбен акцент е ставен на слатните детали како чевли, торби и накит.
Во продолжение ви ја претставуваме кампањата и видеото за неа.