Мајсторство во дизајнирањето драматични очила за сонце

1 април 2014

Луксузниот бренд A-Morir, е познат по беспрекорната рачна доработка на модели очила за сонце. Дизајнерскиот „мозок“ на оваа модна приказна е Керин Роуз Вајнберг, која инспирацијата за овие необични и уникатни модели ја црпи од бесните ноти на рокенролот и смирувачките либрета на класичната музика, правејќи неверојатно рафинирани креации кои уживаат голем публицитет кај трендсетерките.

Нејзините модели ги носат Ријана, Лејди Гага, Бијонсе, Кети Пери, Грејс Џонс, Деби Хари, Естел, Лана Дел Реј, Соланж Ноулс и многу други ѕвезди и модни икони, за кои дизајнерката има креирано и специјални линии. Соработката со светски познатите списанија е неизбежна со оглед на автентичноста која ја нуди Керин во својата изработка на овие очила за сонце.

За време на Париската модна недела, брендот ја презентираше својата колекција на очила за сонце за наредната зимска сезона. Моделите се главно во мачкаст стил или ленонки, украсени со златни цвеќиња, обоени кристали, ткаенини и реси.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци