Манго промовира минимализам во новата колекција на модни додатоци

27 октомври 2014

Манго дефинитивно знае што сакаат припадничките на понежниот пол, а доказ за тоа се новите модели на модни додатоци. Во однос на чевлите, преовладуваат актуелните чизми до глужд, но тука се и салонките и машките модели на рамни чевли. Големо внимание привлекуваат чантите со реси за сите они кои го негуваат бохо стилот, а тука се и клач чантите со натписи.

Ако судиме според новиот лукбук, Манго е промотор на минимализмот и испраќа порака до сите девојки дека акцентот треба да го стават токму во изборот на модните додатоци. Едно од најефектните парчиња во колекцијата е шалот со принт, а Манго нуди варијација на истиот модел, во неколку различни теми. Во продолжение, погледнете го новиот лукбук на модниот бренд.

 

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци