Марамите Freywille- луксузна прегратка од кашмир и свила

2 декември 2013

 

Моден детаљ без кој дефинитивно не можеме да си го замислиме нашиот зимски изглед, кој служи како украс за нашиот врат и не грее во овие ладни денови е дефинитивно марамата.   Баш такви модели на марами дизајнира луксузниот бренд Freywille. Моделите кои се изработени со нивниот потпис имаат две лица и дизајн од најфината кашмирска волна и свила со што се истакнува нежноста и врвната рачна изработка.

 

 

Кашмирската волна се добива од хималјаски кози, од нивните скапоцени животински влакна кои се карактеризираат со мала тежина, свиленкаст сјај и се одличен изолатор на топлина. Освен со квалитетот на изработката, она што ги прави Freywille марамите толку посебни е оригиналниот уметнички дизајн и интензивните бои кои дискретно откриваат филозофска порака која во облик на сфинга, е втисната на самата марама. Има безброј начини на кој можете да го комбинирате и носите ова уметничко дело. Пуштено, замотано, врзано, елегантно, околу врат, на вашиот капут, околу рачката на вашата чанта или благо спуштено на вашето деколте и рамена. Дозволете да бидете прегрнати со овој луксузен дизајн на марами.

 

 

 

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци