Добро познатата британско-ирачка архитектка и дизајнерка Заха Хадид за United Nude креираше чевли кои се спремни да го најават последниот крик на иднината.

Барате чевли за саботна журка на Марс? Нема проблем, модниот свет има решение и за тоа. Заха Хадид , славната 62-годишна британска архитектка со ирачко потекло и миленичка на модната планета, откако беше одбрана да ја редизајнира продавницата во Милано на Стуарт Веијтцман, реши да почне да дизајнира чевли.

 

 

Во соработка со модната куќа United Nude, Заха создаде футуристички чевли НОВА, изработени од метален микс на елементи,  гума обложени со кожа, и уште некои материјали за кои немаме ни слушнато ни видено.

„ Отсекогаш сум ги почитувала луѓето кои  имаат храброст да експериментираат со материјалите и облиците. Соработката со United Nude, нуди класичен модел на чевли кои имаат за цел да ги поместат границите на возможното, а притоа да не го загрозат интегритетот на веќе постоечките модели“, изјавува Заха.

 

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци