Масивниот накит не губи од својата вредност, а покрај ѓерданите, акцент се става и на алките. Деталите се клучни во комплетирање на изгледот. Голем број дизајнери на накит, нудат голем избор на алки со интересни форми, драгоцени камења, синџири и елементи,уникатни во својата изработка и дизајн. Како што претходно напоменавме, златото придонесува вашиот аутфит да изгледа богато и маркантно, токму поради уникатноста.  Внесете доза на модернистичка нота, токму преку изборот на маркантна алка, а за инспирација, погледнете ја галеријата.

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци