Украсите за коса го имаат приматот помеѓу модните додатоци оваа пролет. А веќе неколку сезони наназад, флоралните венчиња се помеѓу омилените аксесоари со кои и наједноставниот, секојдневен изглед добива магична завршница.
Оваа пролет цветовите се уште повпечатливи, помасивни, шарени, комбинирани со различни техники на изработка од различни материјали.
Некои од дизајнерите, како што е Дајан фон Фурстенберг, ни предложија да ги носиме цветовите асиметрично, со акцент на едната страна од косата, Долче и Габана пак не штедеа на бои и дизајнираа колоритни венчиња со огромни цветови, а Зухаир Мурад креираше цветни венчиња во металик варијанти.
Носете ги во секоја прилика од комбинација на лежерен, бохо дневен аутфит до свечени комбинации за посебни прилики, секако ќе бидете забележани.