Модните детали секогаш го имаат приматот во случај кога ќе се погледнеме во огледало, а нашата комбинација ни изгледа нецелосно.

Масивните ѓердани се одличен избор кога нашата модна комбинација е сведена на минимализам. Со овој моден додаток и наједноставниот изглед добива нова димензија, во зависност од тоа каков е нашиот избор на ѓердан.

 

А изборот и оваа сезона е навистина богат: од ѓердани со племенски мотиви до елегантни и романтични украсени со декоративни камења обоени во шарен колорит.

Во продолжение погледнете какви дизајни на ѓердани понудија за оваа сезона познатите „high street“  брендови.

 

 

 

Објавено:
17 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци