Оваа пролетно-летна сезона во однос на трендовите за накит актуелни се како дискретните парчиња, така и оние масивните. Што се однесува пак на трендовите за претстојната есен, светските истакнати дизајнери и светски брендови од есенските колекции на писта понудија накит кој претежно е инспириран од футуризмот, флората и фауната како и од хипи стилот. Доколку сте една од оние девојки и жени што преферираат да се во тренд и да ги имаат најновите парчиња, во продолжение за вас селектиравме ѓердани и алки од есенските колекции за 2014 година.
Elie Saab
Ви препорачуваме удобно да се сместите пред компјутерот и да почнете да ја разгледувате обемната галерија каде ќе сретнете накит од Луј Вуитон, Селн, Живанши,Клое, Дискверд, Кристијан Диор, Сваровски и уште многу други. Во фокусот е масивниот накит како кај алките така и кај ѓерданите, претежно изработен во сребрена и златна нијанса.