Мажи, и вие сега можете да имате уникатни обувки!

7 август 2014

Prada-custom-shoes-sq_590_590_90

На сите оние мажи што сакаат уникатни обувки, Прада им овозможува интересно искуство. Така, ако во нивната работилница за изработка на чевли, однесете некои ваши, што би сакале да се сменат, ќе добиете нови, сосема уникатни обувки.

Колекцијата Made to Order Decollete, која беше претставена порано годинава, сега продолжува и се проширува во нови бои и принтови. Така, сега купувачите имаат на избор уште две нови бои и тонови, како и принт од крокодил, питон или измазнета телешка кожа... Тие што се вистински индивидуалци, можат да направат и персонализација на обувките, а тоа можат да го сторат и во златна боја.

Дозволени се и порачки, кои се испорачуваат за максимум 60 дена, а почетната цена е 740 фунти (околу 900 евра).

Prada-custom-shoe-3

Prada-custom-shoes-2

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци
Тагови: 
чевли Прада мажи