Потрагата по чевли никогаш не е лесна. Особено не за мажите. Тие некогаш се соочуваат со помал избор на чевли, некогаш имаат проблем со трендовите.

Во продолжение ќе ви дадеме неколку предлози за тоа какви чевли можете да си купите за оваа сезона, да ви биде топло и да бидете во тренд...

1-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-1

Совршен модел за есенскиот период, со ретро шари, кој одлично ќе се вклопи во вашите одела во кафени нијанси. Овој модел е еден од класичните, што ретко кога излегуваат од мода.

2-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-2

Ако преферирате удобност, тогаш патики во повеќе нијанси е вистинскиот избор. Сиво-белата основа ќе ви овозможи оваа патика да ја комбинирате со повеќе лежерни и спортски комбинации, а сината и црвената и даваат динамика, а и дополнително ја истакнуваат обувката.

8-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-8

Уште еден модел на патики, но овој е со поелегантна нота, па можете да го комбинирате со одела, поелегантни панталони, спортско-елегантни стајлинзи.

7-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-7

Ова е уште еден тип на обувки кои се идеални за есенскиот период, а совршено може да се вклопат во вашите деловни комбинации. Може да се забележи дека ова е уште еден модел со спортско-елегантна нота во себе. Одличен избор за вашите секојдневни активности.5-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-5

Ако се мислите какви обувки да облечете со вашите омилен фармерки, маица и џемпер на пример, тогаш моделот на чевли што го гледате погоре на сликата, е совршен за тоа. Беше апсолутен хит минатата есенска сезона, а трендот продолжува и оваа. Иако најчесто може да се најде во сино-сива варијанта, ги има и во крем, црвена, зелена...

9-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-o9nZzd-9

Длабоката варијанта на претходниот модел изгледа вака, за деновите кога е постудено или врнежливо.

10-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-10

Маж што нема едни класични црни, елегантни чевли не е маж. Строгите форми од минатата година се се' уште присутни, а оваа сезона може да си дозволите и такви со позаоблени агли, што ќе изгледаат исто така привлечно и на вашата нога и на елегантниот стајлинг.

4-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-4

За зимските и снежни денови што претстојат, оваа варијанта е одлична. Со гумен ѓон, темно кафена боја и до висина до глужд, вие сте обезбедени за ова студено годишно време. Практична, но и модерна обувка.

6-esq-10-shoes-for-fall-091214-xl-6

За овој модел на получизми нема потреба посебно да се зборува. Ова е класика, што со генерции наназад се носи, а така и ќе остане. Безвременска обувка што можете да ја комбинирате со милион парчиња.

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци