Error message

Реномираниот луксузен бренд за накит Сваровски и австралискиот супер модел Миранда Кер ја продолжија својата соработка. Имено, ангелот на Викторија Сикрет, повторно ќе се обиде да го привлече вниманието на јавноста како главна хероина во рекламната кампања за сезоната есен-зима 2014.

Кер позираше пред фотообјективот на модниот фотограф Стивен Мејсел, чија цел беше преку фотографскиот кадар да покаже дека во накитот на Сваровски може да се пронајде секоја модерна жена, која знае дека луксузот е тајно оружје кое треба да го поседува една дама. Креативниот тим на модниот бренд како водечки парчиња од новата есенска колекција го издвојува комплетот ѓердан со алка изработени од мешавина на злато и сребро со дискретно аплицирани скапоцени бели камчиња.

„Ми се допаѓа флексибилноста што брендот Сваровски умее да ја вметне во своите колекции. Нивните парчиња се целосно во чекор со времето, модерни, безвременски и можат да се носат од утро до вечер, соодветствуваат во секоја прилика и одлично се вклопуваат во сечиј стил“, изјави за медиумите супер моделот Кер.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите, но и ѕирнете и позади сцената во видеото кое открива како се снимаше рекламната кампања во која Кер и моделите на Сваровски буквално ќе ве остават без здив.

 

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци