„Миу Миу“ создаде чевли за модерни принцези

1 февруари 2017

Веќе неколку сезони монистрата, кристалите и бисерите се вистински хит, посебно кога се работи за модните додатоци.

Овој тренд, кој ќе трае и оваа година го следи и модната куќа „Миу Миу“, која создаде обувки за модерни принцези.

Салонките со бисери веќе ви ги презентиравме, а има и модели во комбинација со сатен и крзно, кристални панделки...

За новата сезона брендот предлага и мокасини и сандали на платформа. 

Во продолжение погледнете ги моделите што веруваме ќе ве освојат, а кои доаѓаат во повеќе бои.

Објавено:
1 февруари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
561 пати