Миуча Прада и Демиен Хирст ги здружија силите!

17 октомври 2013

 

Дека Миуча Прада постојано го изненадува модниот свет не е никаква новост. Последното во редот изненадувања, доаѓа во облик на генијална чанта која Миуча ја дизајнираше заедно со британскиот уметник Демиен Хирст.

 

 

Станува збор за капсулна колекција која е насловена „Entomology“ и содржи дваесет чанти кои се изработени од плексиглас, украсени со  додатоци во форма на инсекти, кристали, пердуви и многу други „statement“ апликации. Уметничките чанти беа изложени во Prada Oasis и Damien Hirst Pharmacy Juice Bar каде се распродадени на тајна аукција, а приходот од продажбата бил наменет за добротворната организација Reach Out to Asia.

 

 

Објавено:
17 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци