Моделот на чизми што се враќа како голем хит оваа есен

12 септември 2020

Во подготовка за претстојната сезона, меѓу другото ги разгледуваме и тенденциите што ќе го имаат „главниот збор" и ќе ја диктираат естетиката на есента.

Излозите веќе ја навестуваат есенската слика, па ако се фокусираме на изборот на чевли и чизми, веќе имаме искристализирана претстава што ќе се носи на модните улици.

Таканаречените „каубојски" чизми се модниот хит што на голема врата се враќа оваа есен.
Со малку вестерн шмек, ќе го зачиниме нашиот есенски стил и ќе ги носиме во секоја прилика.
Овoј модел на чизми лесно може да се комбинира и со летни парчиња, што е дополнителна предност во овој преоден, меѓусезонски период.

Кога температурите ќе паднат, каубојските чизми идеално се комбинираат со џинс, панталони со висок струк, плетенини, па може да ги планирате преку текот на целата сезона.

Издвоивме неколку атрактивни модели.

Фото: Пинтерест

Објавено:
12 септември 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
604 пати
Тагови: 
чизми есен 2020