... А одговорот на прашањето во насловот е: на платформи.
Или ги сакате или не, но сигурно е дека чевлите на ултра високи платформи ова лето се хит.
Веројатно на прв поглед делуваат гломазно и „тешки" за носење, но добро дизајнираните чевли изработени од соодветни материјали, може да бидат и пријатни и удобни за носење.
Иако имаат специфична естетика, на која многумина гледаат со резерва, овој модел на чевли е веќе нашироко прифатен и во светот на уличната мода, но често може да забележиме како го газат црвениот килим на свечени и гала настани.
Во нивниот дизајн она што веднаш ќе го препознаете е диско шмекот на 80-те, но реинтерпретиран во современи варијации како оние на Валентино, Долче и Габана и Версаче на пример.
Модел на Долче и Габана
Покрај овој модел, особено популарни остануваат кломпите, кои важат за тенденција неколку сезони по ред. Пердувите, како атрактивен тренд кај облеката, исто толку е се актуелни и кај чевлите оваа година, па многу често елегантните сандали со тенки ремени, оваа сезона добиваат на драматичност преку овие детали.
Во галеријата во продолжение ги издвоивме највпечатливите, а воедно и најпопуларните модели чевли за оваа сезона.