Мокасини - омилените обувки на мажите, после патиките

9 јуни 2021

Во машката колекција обувки најзастапени се патиките и по некој модел чевли. Но, сезони наназад, како влијание од италијанскиот стил и класика, мокасините се најдоа меѓу топ три модели на обувки за мажи.

Идеални се за летниот период, а доколку се изработени од вистинска кожа можат да се носат и на боса нога. Сепак, за да не предизвикате непријатно чувство при носењето, со мокасините имајте и стапалки, кои ќе ја „спасат“ ситуацијата.

Одлично се комбинираат со машки бермуди и кошула или пак летни панталони, а доколку моделот е доволно елегантен, можат мошне успешно да се вклопат и во елегантен машки стајлинг.

Мажите што ја обожаваат оваа обувка, велат дека кога еднаш ќе почнете да ги носите, нема да сакате да престанете. Колекционерите пак, имаат и лускузни модели кои вклучуваат и везени детали или иницијали.

Ако посакувате да ги вклучите во својот изглед или пак имате пар, но не сте сигурни како да ги комбинирате, погледнете ги предлозите во продолжение:

Објавено:
9 јуни 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
407 пати
Тагови: 
мокасини