Mоќно патување низ Африка со новата колекција на „Парфоа“

7 април 2016

Брендот „Парфоа“ вчера ја презентираше новата колекција инспирирана од африканската савана и длабоките шуми. Токму инспирацијата придонесува за богатата изработка со која се одликуваат модните додатоци, а посебно внимание е посветено на деталите.

Чантите раскажуваат приказни за леопарди и племенски сцени, дополнети со соодветни принтови, а доаѓаат во топли бои и модерни линии. Со авантуристички и бунтовен дух, оваа колекција презентира повеќе видови на форми на чантите: познатите “shopper” чанти со внатрешен дел, модели за преку рамо во повеќе големини и плик чанти за свечени моменти. Додатоците го збогатуваат целокупниот изглед на чантите од обична и превртена кожа: камчиња, монистри, реси, етно и животински принтови.

Накитот кој е дел од новата колекција, исто така асоцира на африканската култура и нејзината егзотика – парчињата се доминанти, украсени со пердуви, природни камења и монистри во повеќе бои.

Палетата на бои на оваа колекција ја сочинуваат зелени, жолти, црвени тонови, во комбинација со чоколадно кафена, бела и црна боја.

„Придружете ни се на патување низ дивата Африка со моќната колекција на „Парфоа“ за пролет/лето 2016“, порачуваат од брендот!

Објавено:
7 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.336 пати