„Moon“ – новата хит чанта во форма на месечина

13 септември 2019

Прилично новиот бренд од Лос Анџелес, „Staud", формиран во 2015 година, иако со краток век на постоење, веќе има неколку хит модни парчиња што уживаат светска популарност.

Едно од последните парчиња што ги лансираа, е новата „Moon" чанта, за која познавачите на модата предвидуваат дека ќе биде еден од најпопуларните модни додатоци претстојната сезона.

Се работи за модел во форма на млада месечина, од каде и го добива називот.
Веќе е актуелна во уличната мода и може да ја препознаете во комбинаците на најпознатите инфлуенсерки.


Достапна е во неколку нијанси: црна, беж, портокалова и темно црвена, како и со змиски принт, а нејзината цена се движи од 295 до 395 долари.

Фото: Инстаграм

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
517 пати