Со оглед на фактот дека новата колекција 2014 на Долче и Габана разработува тематика од италијанската мозаична култура на градот Монреале од XI век и е исклучиво италијански занает. Дизајнерите ги искористија највештите занаетчии во креација на сопствената мозаична колекција на чевли, ташни и накит.

Накитот во новата колекција е збогатен со низа црковни тематики и мотиви изведени со посветена рачна работа.  Накитот на Dolce&Gabanna 2014 е составен од обетки, ѓердан, круни. Тоа се однесува на филигрански обетки во форма на крст со кристали, златни обетки во форма на крст со емајлиран керамички диск, ѓердан во форма на црковна бројаница со крст, ѓердан составен од  емајлирана бројаница, златна филигранска круна со камења и тука се вбројува и златниот филигрански корсет со кристални апликации. Целата колекција е инспирирана од религиозноста на крстот, распетието и бројаницата.

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци