Овие денови во градот има вистински летни температури, а тоа значи дека време е конечно да се подготвиме за најубавата топла сезона.
Веќе неколкупати говоревме за летните трендови кај облеката кои ќе бидат вистински хит, а сега е време да ви прикажеме дел од модните додатоци.
Класичните чанти кои ги носевме во текот на зимата, сега е време да ги замениме со нешто лежерно и стилско, подеднакво романтично како и оние што ги обожававме во текот на зимата.
Станува збор за плетените чанти кои порано беа омилени на плажа, а сега ги комбинираме и во секојдневните стајлинзи.
Веројатно и вас овие прекрасни торби ве потсетуваат на времето кога одевте на шопинг по намирници со вашите баби, а денеска девојките обожаваат да ги комбинираат со стилски парчиња.
Она поради што многумина ја обожаваат оваа чанта е нејзината голема примена, па така можете да ја носите за купување, за дневни прошетки, ноќни забави, за на плажа и на уште многу други места.
Во продолжение погледнете како изгледа кога оваа ретро торба девојките ја комбинираат во нивните секојдневни шик стајлинзи.
Фото: Journal.hr