Мулбери лансира колекција чанти по прифатливи цени

31 мај 2014

Мулбери сеуште нема именувано нов креативен директор откако во 2013 година Ема Хил си замина од оваа функција, а од неодамна неотповиклива оставка си даде и извршниот директор , францускиот бизнисмен Бруно Гилон, кој ја намали пазарната вредност на брендот за две третини.

Но сепак, дизајнерскиот тим на Мулбери не одмара!  Тие креираа нова линија чанти кои  се  практични и елегантни. Направени од мека кожа, моделите   „Tessie“ се безвременски,  со долги ремени за преку рамо, масивни форми  и клач чанти во смеѓа, црна, бордо и црвена боја.

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци