Есента е пред нас, а тоа значи дека веќе треба да почнеме со подготовки за стилски комбинации во кои ќе блеснеме и ќе уживаме секој ден.
Покрај парчињата, во фокусот на комбинациите се секако и модните додатоци кои секогаш мора да бидат внимателно одбрани за да соодветствуваат со сѐ останато.
Во денешната комбинација што ви ја предлагаме, а која е составена од бело ленено фустанче врз кое носиме неодоливо сино џемперче, вметнавме и стилска мини чанта за на половина.
Покрај со оваа комбинација, чантичката можете да ја носите и со бројни други комбинации како со стилски костим или пак фармерки со висок струк и шармантна бела кошулка.
Истата е совршен избор и за вечерните излегувања кога освен мобилен и некоја шминка, не ви е потребно ништо друго да носите со себе.
Чантичката можете да ја најдете во продавниците на Манго, а ја има и во неодолива сина боја.