Во оваа преодна сезона кога речиси секој ден и да не знаеме како да се облечеме, голем проблем се и обувките во кои секогаш сакаме да се чувствуваме удобно и безгрижно.

 

Оваа сезона како еден од најголемите трендови се белите патики во кои ќе се чувствувате супер, а и ќе можете да ги носите со голем број комбинации.

Девојките оваа есен ги комбинираат со едноставни фармерки и интересни блузи, со разни здолништа, па дури и со тантелни фустани.

Голем број од светските трендсетерки ги комбинираат овие бели патики и со стилски и женствени класични панталони, нешто што нам особено ни се допаѓа и нешто што го освежува секој работен стајлинг.

Оваа есен бидете храбра девојка и носете ги со било што и да посакате, сѐ додека вие се чувствувате убаво!

*Белите патики од фотографијата можете да ги набавите во продавницата на Манго во Скопје Сити Мол

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
761 пати