„Must have“: Дамски ракавици за динамично секојдневие!

17 јануари 2015

Доколку сè уште не сте го пронашле совршениот модел на ракавици, тогаш ние го имаме вистинското решение за вас. Префинетиот стил и елеганцијата е цел на секоја дама кога станува збор за стилот. Во неколку наврати низ нашите креативни содржини сме ја нагласиле важноста на модните додатоци и нивната есенцијална улога во креирањето на целокупниот изглед. Виолетовите топли ракавици декорирани со дискретна композиција од стаклени монистра од модната куќа Елена Лука не само што ќе го освежат вашиот изглед, туку ќе ги стоплат и заштитат вашите раце од студеното време ако почесто излегувате на отворено. Дизајнерскиот тим на брендот секогаш ги следи модните трендови и знае што е потребно за една жена да се чувствува убаво во она што го носи.

Ракавиците комбинирајте ги со некој елегантен капут и шапка и зрачете со самоувереност и дамски шарм каде и да се појавите!

*спонзорирана објава

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Модни додатоци