Must have: Елегантни црни потпетици и тренди чанта

18 јуни 2018

Веројатно знаете дека елегантните високи црни потпетици и црната чанта се нешто што секоја дама треба да го има во својот плакар.

Можете да ги носите со која било комбинација и тие се парчиња кои во секој момент ќе ви излезат во пресрет.

Црните високи потпетици овојпат се комбинација од транспарентен дел и превртена кожа, а истите прилегаат одлично на секоја нога.

Кога станува збор за чантата, денеска ви предлагаме една модерна и сосема шик во малку поинаква форма од оние секојдневните на кои сме навикнати со златна рачка и детали во иста нијанса.

Носете ги за различни пригоди, а доколку сте во можност инвестирајте во едни вакви што е можно побрзо.

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
524 пати