Must have: Кој вели дека на есен не се носи сламена чанта?

20 септември 2019

Иако летните денови полека изминуваат, тоа не значи дека треба да се откажеме од сите омилени парчиња кои беа олицетворение на летото.

Сламените чанти дефинитивно беа хит во сезоната што одминува и некако многу ни е тешко да се одвоиме од нив, па решивме да ги вметнеме во есенските стајлинзи.

Иако комбинацијата на фотографијата е летна, сепак сината кошулка можете да ја носите и со џинс и бело палто на кое совршено ќе му прилега оваа чанта од Манго.

Носете ја и со лелеавите цветни есенски фустани на долги ракави, а без проблем употребете ја и во комбинацијата во која вметнавте чизми.

Оваа есен нека биде полна со изненадувања и експерименти барем кога е облеката во прашање, па така обидете се и сите останати летни парчиња да ги вметнете во секојдневните стајлинзи барем додека времето сѐ уште ни го дозволува тоа.

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
447 пати