Must have: Марами со впечатливи дезени можат целосно да ја трансформираат секоја комбинација

28 септември 2020

Моќта е во деталите. Секогаш кога сакаме да ставиме акцент на личниот моден израз, тоа најефективно го правиме преку изборот на модни додатоци.

Понекогаш, само еден мал детаљ е доволен да ја промени целата слика. Во таа насока, нашиот денешен избор за MUST HAVE се марамите со уникатни дезени од актуелната линија модни додатоци на нашиот моден бренд Елена Лука.

Изработени од пријатен материјал, во неколку колоритни и исклучително впечатливи принтови, овие модни додатоци ќе го освежат секој Ваш есенски изглед.

Може да ги комбинирате буквално во секој аутфит, независно дали се работи за деловен изглед за на работа или лежерен изглед за прошетка во град.

Покрај околу врат, може да ги носите во неколку различни варијанти: околу глава, врзани на рака или пак на рачката од вашата омилена чанта.

Набавете ги онлајн, на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во уникатното и безбедно шопинг искуство!

Објавено:
28 септември 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.089 пати