Паметите дека во 90-те години, периодот на нашето детство, сите носевме украсни шноли во коса и тие беа задолжителни модни додатоци без кои аутфитот не е комплетен?

Во супер стилизирани и модернизирани верзии, украсните шноли повторно се враќаат меѓу актуелните тенденции и важат за новиот-ретро моден хит.

Нивниот дизајн е богат и инспиративен, од едноставни и суптилни во геометриски форми до такви со драматични детали, бисерни топчиња или циркони.

За нашиот денешен избор за Must have, одбравме пар шик шноли во бакарна нијанса од Parfois што совршено ќе го надополнат и ќе му дадат печат на вашиот секојдневен изглед.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Шноли: Parfois
Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.650 пати