Must have: Впечатливи шноли за новогодишната ноќ

24 декември 2016

Оваа година некако сѐ е во знакот на сребрените детали, па доколку сѐ уште ги немате одбрано вистинските, тогаш ние имаме еден супер предлог за вас.

Украсете го црното свечено фустанче што го одбравте со овие две фантастични и супер впечатливи шноли во сребрена нијанса која е одлична за секоја боја на коса.

Направете што е можно поедноставна фризура и надополнете ја со овие слатки модни додатоци кои ќе остават впечаток каде и да се појавите.

Запомнете дека поради големината и формата тие ви се доволни кога станува збор за накит за новогодишната ноќ, па побрзајте и набавете си еден примерок од продавницата на Parfois во Скопје Сити Мол.

Објавено:
24 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.777 пати