Најк лансира три нови модели на патики до глужд
•
22 мај 2014
Популарниот американски бренд за спортска опрема Најк, уште еднаш на сите љубители на нивните аксесоари и облека им нуди три нови модели патики до глужд во рамките на капсулната линија насловена „Blazer Mid Vintage“.
Познато е дека дизајнерите на Најк често го употребуваат цвениот принт на патки, но овојпат се одлучија за винтиџ цветен принт од кој доминира портокалова, сина и зелена колорна нијанса.
Веруваме дека повеќето од вас обожаваат да носат комфорни и модерни патики, па така токму овие модели може да ги дефинираме како унисекс, а освен за девојките може да ги носат и похрабрите момци што преферираат впечатлив модел на патики.