Од моден аспект секоја сезона останува препознатлива по карактеристични тенденции, а тоа важи и во доменот на модните додатоци.

Земајќи ги предвид трендовите во актуелната уличната мода и тенденциите што ова лето ги наметнуваат влијателните модни етикети, се добива перцепција кои од сезонските модни додатоци уживаат најголема популарност ова лето.

Иако оваа летна сезона се помали се шансите дека ќе ја поминеме покрај море, сепак масивните плетени сламени троби налик на корпа, што вообичаено ги носиме и на плажа, се издвојуваат како најпосакуван моден додаток.

Добрата страна е што овие сламени торби совршено може да го надополнат нашиот имиџ и во урбана средина, па во секој случај ќе си ја остварат својата функција летово.

Освен што се допадливи на изглед и додаваат егзотичен шмек на нашиот летен имиџ, друга нивна карактеристика е што навистина се практични и ќе соберат сè што вообичаено е потребно да ви биде при рака во текот на денот.

Достапни се во различни модели и големини, а за дополнителен автентичен изглед, може на рачките да врзете марама која ќе биде соодветна на вашиот дневен аутфит.

Фото: Пинтерест

Објавено:
3 јули 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.766 пати