Најпопуларниот производ на Икеа на „Тик-Ток“

9 август 2021

Факт е дека колку и да ни изгледа „Тик-Ток“ како бизарна платформа, воопшто не е наивно нејзиното влијание. 

Голем дел од трендовите се наметнуваат токму таму. Таков е случајот и со еден производ од Икеа. Се работи за торба, која може да биде и ранец.

Овој производ ја стекна својата популарност токму на „Тик-Ток“ и за брзо време распродаден во неколку држави, па корисниците на платформата беа зачудени како не можат да го најдат.

На многумина им се допадна 2 во 1 можноста, а со тоа и практичноста. Достапен е во неколку бои и има многу прегради за организација.

Побарувачката за истиот се' уште трае.

Ви се допаѓа ли вам?

Објавено:
9 август 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
753 пати