Сезоната за костими за капење и официјално е отворена.

Тенденциите за ова лето носат тропско расположение, разиграни принтови и детали со кои костимите за капење преминуваат на едно ново ниво каде може да ги носите и како парче од секојдневните комбинации.

Неколку моменти се издвојуваат како највпечатливи.

Животински принтови

Зебра или леопард, животнските принтови често ќе ги гледаме на плажа ова лето. Впечатливи дезени кои даваат доза необичност за сите оние кои не бараат обичен костим за капење.

Металик нијанси

Едноделни костими за капење или бикини, металик нијансите во сребрени и бронзени тонови, ги враќаат вибрациите од 90-те.

Карнери

Овој модел костими за капење може да го комбинирате како парче дури и во вашите секојдневни летни комбинации.

Асиметричен крој

На едно рамо или со исечоци, веројатно асиметричниот крој е еден од највпечатливите и најпопуларните кај костимите за капење ова лето. Ја задржуваат својата атрактивност од претходните сезони, па ако веќе имате таков модел, планирајте го за на плажа.

Објавено:
2 јуни 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.409 пати