Иако надвор изгледа како сè уште да е лето, сепак, есента одамна пристигна па додека ги очекуваме студените денови, можеме да се подготвиме со некои стилски парчиња.

Она во што секогаш вреди да инвестирате, без разлика на сезоната, се добри чизми и капут со кои ќе ги заокружиме сите зимски стајлинзи.

Според прогнозите, за одреден период температурите ќе се спуштат и ќе почнат дождовите, така што најдобро е прво да одберете стилски чизми во кои ќе уживате секој ден и ќе се чувствувате супер удобно.

Како и секоја сезона, постои некој модел на чизми што е ултра популарен, а ова тоа се рамните чизми до над глуждовите со врвки во предниот дел.

Секако, девојките не се откажуваат ниту од нивните омилени кафени чизми на потпетица, оваа година во малку изменети изданија.

Подеднакво популарни се и „грдите“ чизми кои ги популаризираше Ирина Шајк, а кои се навидум едноставни и навистина можете да ги комбинирате со сè.

Чизмите со врвки пак, одлично се согласуваат со разни видови џинс, широки фустани, па дури и соодветни здолништа.

Без разлика каков модел на чизми ќе одберете, доколку сте во можност набавете си кожени, бидејќи се парче во кое навистина вреди да се инвестира, а истите ќе ги носите неколку сезони.

Доколку викендов планиравте да одите на шопинг, погоре во галеријата имате можност да погледнете некои од најпопуларните модели и да го одберете вашиот фаворит.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
873 пати