Со секое ново шоу, Victoria's Secret открива по еден градник кој е блескав и кој реално има цена за продажба од која ќе ви се сврти умот. Оваа година овој таканаречен „Градник на фантазијата" или познат како најскапиот градник е наречен Светла ноќ. Изработен е од 9000 кристали (смарагди и кристали), а дизајнерот на истиот е Еди Борџо на кој му биле потребни седум месеци и 700 часа да го изработи. Цената која е официјална за продажба е три милиони долари.

За прв пат шоуто оваа година ќе се одржи во Париз, а овој скап модел на градник ќе го носи Џасмин Тукс , 25 годишниот супер модел, која соработува со Victoria's Secret од 2014 година.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
225 пати