Иако можеби си велите дека сѐ уште е рано да се подготвувате за летниот одмор, верувајте дека времето ќе помине многу побрзо одошто мислите.
Костимите за капење се нешто на што прво мора да се сетите кога е во прашање летниот одмор, а веруваме дека тие и оваа година се најдоа на првото место на вашата задолжителна летна листа.
Како и секоја година, така и оваа веќе се појавија одредени трендови кои веќе можеме да ги видиме низ социјалните мрежи, а ние ги обожаваме истите!
Ако минатата година во тренд беа еднобојните костими за капење со карнери во разни стилови, оваа година тропскиот принт е еден од најпосакуваните.
Познатите брендови веќе нудат вакви модели во својата понуда, а девојките можат да го одберат својот фаворит од едноделните или дводелните варијанти.
Без разлика за каков костим и да се одлучите, бидете сигурни дека нема да погрешите доколку вашиот омилен модел е со тропски принт.
Овие костими дефинитивно ќе бидат вистински хит ова лето, а девојките ширум светот веќе ги обожаваат.
Ако наскоро планирате летен шопинг, костимот за капење со тренди тропски принт е нешто задолжително!