Најубавите обетки за оваа есен: Совршени за секоја ваша комбинација

21 октомври 2013

Доколку се уште не си набавивте некои шик обетки за оваа сезона, не грижете се. Ние ви претставуваме некои од најубавите што едноставно го одземаат здивот.

Истите можете да ги комбинирате со едноставни парчиња облека бидејќи тие ќе бидат доволен моден додаток на кој многумина ќе го задржат вниманието.

Оваа есен одберете обетки во интересни и интензивни бои, а погрижете се тие да бидат и доволно впечатливи. За преку ден одберете некои помалку нападни, а за вечерните излегувања одлучете се за динамични и по впечатливи.

Без разлика дали сте рок девојка или пак повеќе сте наклонети кон романтичниот и нежен стил, ние ви препорачуваме 20 пара обетки за секое ваше расположение.

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци