Најубавите пролетни чевли доаѓаат од Аквазура

8 февруари 2016

Изминатите неколку години девојките ширум светот се опседнати од неверојатните модели чевли што уникатната модна куќа Аквазура им ги нуди.

Сосема на време, тимот дизајнери создаде нови пролетни модели во кои знаеме дека инстантно ќе се заљубите.

Колумбискиот дизајнер и основач на модната куќа, Едгардо Осорио и во оваа колекција ги смести сандалите со ремчиња во неколку бои на кои им додаде неодоливи колоритни пом – пом топчиња.

Покрај нив, во колекцијата тој вметна и едноставни рамни чевли со неодоливи етно мотиви во кои девојките ќе можат да уживаат во текот на целиот ден.

Секако, тој не ги заборави и во моментов најактуелните Mary Jane чевлички, но тој отиде чекор понапред и претстави сандали со малку висока потпетица, украсени со колоритни реси во предниот дел и делот кај ремчињата.

Секако, тука се и високите секси потпетици, но и сандалите на висока плута украсени со мониста во безброј бои.

Веруваме дека и оваа колекција на дизајнерот ќе биде ултра успешна, со оглед на тоа што меѓу неговите клиенти се Ријана, Попи Делевињ, Диан Кругер, Кендал Џенер и многу други кои ги обожаваат неговите модели.

Секое едно парче од колекцијата на Аквазура, на совршен начин ги слави долгите топли денови и повикува на долги и луди забави во вечерните часови!

 

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.673 пати