Омилениот моден дизајнер на девојките, повторно нѐ почести со колекција модни додатоци за пролет 2016 – та година со фантастични парчиња со цветен принт. 

Колекцијата на Валентино е насловена како Garden Couture, а во истата ќе најдете неодоливи чанти, патики и слатки сандали со цветни детали. 

Дизајнерскиот тим составен од Мариа Грациа Кјури и Пјерпаоло Пиколи нѐ носи во тајната градина преполна со различни цвеќиња, птици, билки и што уште не, каде нѝ ги презентира нивните најнови парчиња. 

Како и секогаш, тие создадоа вистинска убавина од бои и неверојатни принтови кај чантите за кои веруваме дека ќе бидат вистински хит кај трендсетерките следната сезона. 

Во прекрасното видео ќе погледнете и дел од нивната нова колекција облека во која повторно ќе преовладуваат шармантни цветни и колоритни принтови.

Објавено:
7 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
661 пати