Покрај потпетиците кои ги обожаваме за разни свечени пригоди, рамните чевли се нешто што секоја девојка мора да го има во плакарот.

Како и секоја топла сезона, така и оваа, брендовите нудат огромен број на модели на рамни чевли почнувајќи од наједноставни, па сѐ до свечени за разни пригоди.

Како најголем тренд оваа сезона се чини дека се наметнуваат едноставните модели кои девојките ги обожаваат, односно оние со неколку ремчиња или сосема затворени и рамни.

Што се однесува до боите, како и секоја друга сезона, црната, кафената и металик нијансите се едни од најпосакуваните, а и такви кои можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Со оглед на тоа што ова лето се очекува сафари стилот да биде еден од најприсутните, рамните чевли во кафени нијанси се нешто што секоја девојка мора да го има во комбинациите.

Сребрените модели се дефинитивно едни од најпосакуваните бидејќи можете да ги комбинирате со секојдневни удобни парчиња, но и со елегантни фустани за некои свечени пригоди.

Рамните чевли инспирирани од гладијаторите и оваа сезона се вистински хит и едни од најпродаваните, а тие се и одлично парче за на одмор, но и за прошетка во сите слободни мигови.

Во галеријата ќе погледнете некои од најпопуларните модели кои ќе ги обожаваме оваа топла сезона.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
6.585 пати