Женската љубов кон чевлите не е никаков новитет, а Кристијан Лубутан знае најдобро да ja разбере нивнaта потреба за  чевли во кои тие ќе се чувствуваат како девојки од милион долари. Според старото правило, на себе може да носите било што но, се додека чевлите се со врвен дизајн, целосниот впечаток ќе биде во модерна конотација. Во продолжение погледнете седум феноменални модели од новата есенска колекција и објаснувањето на модниот дизајнер за нив.

Glitter Pigalle Follies Pumps

Жената раскажува приказна за својата облека, но истата ја започнува од своите чевли. Со високите потпетици се менува говорот на телото, држењата и ставот.  Дамата заведува со секое ново движење, особено ако станува збор за модел со животински принт.

Orange Pigalle Follies

Овој модел на чевли во портокалова нијанса ме потсетува на цветот „Рајска птица“.

Follies Resille Pumps

Црната мрежа во комбинација со неутрална  постава придонесува за добивање на транпарентен ефект и откривање на страста.

Iriza Half D'Orsay Pumps

Секоја жена треба да поседува еден пар  чевли во беж боја, кои стануваат нејзин природен сојузник, а не само моден додаток.

Cutout Galata Pumps

Ја обожавам виолетовата нијанса бидејќи во себе содржи нешто сензуално.

Bille Et Boule Studded Pumps

Сакам да комбинирам кожен материјал со PVC  и да правам контраст меѓу нежната панделка и грубите нитни.

Pigalle

Моделот Pigalle е вечна класика, до сега не сум сретнал жена на која не и одговара овој модел.

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци