Веќе знаеме дека совршените модни додатоци и тоа како знаат да ја разубават секоја наша комбинација, па секогаш е потребно да посветите доволно време на нивниот избор.

При изборот, секогаш треба да бидете свесни за пригодата, па така бисерите и дијамантите да ги зачувате за нешто вистински елегантно, додека во некои да уживате секој ден.

Дијамантите на Елизабет Тејлор

Веројатно постои некој моден додаток без кој не можете да си го замислите секојдневието, како шапка, омилено ланче, стилски часовник, чанта со принт и што уште не.

Познатата шапка на Фарел

Низ годините наназад, светските модни икони нѐ научија дека од дома никогаш не смеете да излезете без да ја „крунисате“ комбинацијата со некој моден додаток по кој луѓето ќе ве паметат.

Белите ракавици на Мајкл Џексон

Никогаш нема да ги заборавиме сините Маноло Бланик потпетици на Кери Бредшо од „Сексот и градот“ по кои девојките и денеска лудуваат.

Секако, не смееме да заборавиме ниту на црното венче на Грејс Гели кое и денеска е наш сојузник кога сакаме елегантна фризура, како и чизмите над колена на „убавата жена“ кои и денеска се огромен хит.

Во продолжение погледнете ги модните додатоци кои оставија најголем впечаток низ годините и нивните сопственици!

Објавено:
9 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.049 пати