Накит за тело: Cинџирчиња за тело со кои ќе блеснете ова лето

21 јули 2022

Ни претстојат уште многу жешки летни денови за кои сме нетрпеливи да ги поминеме покрај вода. Како дел од возбудата е секако и изборот на совршениот костим за капење со кој сакаме да блеснеме на плажа. Или пак едноставно сакаме да ѝ внесеме дополнителен сјај на летната облека.

Но што ако сте љубители на едноставни модели и дезени, а сепак сакате да го избегнете ризикот од тоа да изгледате здодевно и сакате да оставите впечаток? Постои и друг начин да блеснете, и тоа во буквална смисла на зборот. 

Фото: Pinterest

Накитот за тело, како синџирчињата кои се врзуваат околу половината и стомакот или пак оние висат од вратот па сè до папокот, се совршен моден додаток кој има моќ да го трансформира дури и наједноставната летна комбинација и наједноставниот модел на костим за капење.

Со неверојатно широкиот избор на модели, бои, должини и материјали, од сребрени, позлатени, до навезени со кристали, камчиња и монистра, овие синџирчиња за тело беспрекорно ќе го комплетираат вашиот изглед, без разлика во која нијанса доаѓаат парчињата облека кои ги носите.

Фото: Pinterest

Иако накитот за тело и синџирчињата за половина не е никаков новитет, денес е еден од најчестите летни декорации за на плажа. Овој накит потекнува од Индија кога пред 4000 години бил носен како декорација за време на религиски церемонии, но денес е еден од наједноставните и најлесните начини да постигнете уникатен и атрактивен изглед, особено доколку имате тен.

Фото: Pinterest

Во продолжение погледнете неколку примери како да го надополните вашиот стајлинг и да го декорирате вашето тело.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 јули 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
423 пати