Картие е француска компанија и бренд кој дизајнира, произведува, дистрибуира и продава луксузни парчиња накит и часовници. Компанијата е основана во Париз во 1847 година од страна на Луј Франсоа Картие. Овој моден бренд е добро познат по изработката на накит и рачни часовници. Нивните производи важат за едни од најскапите на пазарот, поради нивниот квалитет, рачната изработка и користењето на скапоцени камења во самиот дизајн. Накитот на Картие е често избор на кралските семејства кога треба да се изработи автентичен изглед на круната или некој друг модел кој треба да биде елегантен, гламурозен и софистициран. Мошне често холивудските диви го носат и на филмското платно нагласувајќи ја автентичната женственост и убавина на улогата која ја толкуваат во филмот.
Миа Фароу во „THE GREAT GATSBY“, 1974
THE GREAT GATSBY, 1974
Миа Фароу ја имаше честа да ја игра улогата на Дејзи Бјукенен, жената која носеше куп скапоцени камења на себе во филмот „Големиот Гетсби“ снимен за прв пат во 1974 година во режија на Џек Клејтон.
Гвинет Палтроу во „A PERFECT MURDER“, 1998
A PERFECT MURDER, 1998
Во филмот на Андру Дејвис „Совршено убивство“, Гвинет Палтроу ја игра улогата на Емили Бредфорд Тејлор, заедно со Мајкл Даглас. Гвинет носеше рачен часовник изработен од платина и дијаманти, а нејзиниот врат блескаше со дијамантски ѓердан и двете потпишани од Картие.
Грејс Кели во „HIGH SOCIETY“, 1956
HIGH SOCIETY, 1956
Принцот Раниер од Монако на својата жена принцезата и актерка Грејс Кели и подари прстен од 10.47 каратно злато со смарагден специјално изрежен дијамант, кој таа го носеше на снимањето на нејзиниот последен филм „Високо општество“ во режија на Чарлс Волтерс.
Мерилин Монро во „SOME LIKE IT HOT“, 1959
SOME LIKE IT HOT, 1959
Мерилин Монро на снимањето на филмот „Некои тоа го сакаат жешко“ во режија на Били Вајлдер, ја покажува алката изработена од Картие, подарена од Тони Куртис.
Валтер Слезак и Талула Бенкхед во „LIFEBOAT“, 1944
LIFEBOAT, 1944
Овој филм е снимен за време на Втората Светска Војна од страна на Алфред Хичкок. Главните јунаци во филмот го користат „Чамецот за спасување“ како единствен реквизит, што им помага на различни групи на луѓе кои успеале да се спасат од германските напади да се засолнат и да избегаат. Валтер Слезак и помага на неговата колешка Талула Бенкхед да ја отстрани скапоцената Картие алка, со цел да ја искористи како мамка за ловење риба.