Алките на одличните Le Petite Mignon од Хрватска, веќе со месеци се омилени на бројни девојки од Балканот, а деновиве конечно стигна и нивната нова колекција. 

Зад фантастичните алки се крие дизајнерката Ведрана Крниќ, која сезони наназад ги радува девојките со нејзините шик и колоритни парчиња накит. 

Нејзините комбинации на јаки бои, различни циркони, златни и сребрени нијанси, слатките топчиња од волница и неодоливите реси, се причините поради кои нејзиниот накит за кратко време стана толку посакуван. 

Алките од новата колекција на Le Petite Mignon повторно се изработени со препознатливите детали што дизајнерката ги обожава, во бои што ќе ја развеселат секоја ваша комбинација. 

Тие се идеални за секојдневните стајлинзи, но и за вечерните елегантни изданија во кои сакате да внесете малку боја и многу забава!

Објавено:
12 ноември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
469 пати