Nike Pastel Air Max патики обоени во пастелни нијанси – најава за нов хит во уличната мода

5 март 2020

Новиот модел патики на спортската етикета Nike, Pastel Air Max 720, се најавува како нов хит и во уличната мода оваа пролет.

Како што укажува и самиот назив на моделот, обoени се во богат пастелен колорит што е и нивната носечка естетска карактеристика.

Според рецензиите што веќе се објавени онлајн, освен тоа што изгледаат симпатично, овој модел на патики е и особено удобен.

Со оглед на тоа дека патиките последниве неколку сезони добиваат многу поширок контекст во модна смисла, се очекува Nike Pastel Air Max често да го гледаме во комбинациите на познатите стилски хероини од светот на уличната мода.

Објавено:
5 март 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.195 пати
Тагови: 
патики