Модниот бренд „Баленсијага“ во рамки на колекцијата за пролет 20, пласираше модел чевли кои веднаш го привлекоа вниманието на дамите ширум светот, но дури сега го доживуваат својот голем бум.

Се работи за чевли, односно чизми кои се инспирирани од женските корсети. 

Во предниот дел се шпицести и се шнираат токму како корсетите некогаш.

Доволно беше Кајли Џенер да ги засака, за да станат ултра популарни.

Нивната цена изнесува речиси 1.500 долари (чизмите), но во моментов се на намалување и тоа од 70%, па некој може да ги има за околу 500 долари. Сандалите пак на попуст се 470 долари. И нема потреба да потенцираме дека се распродадени.

Инаку, обувките се изработени во Итлија од квалитетна кожа. Имаат тенка метална потпетица, а токму со шнирањето можете да ја подесувате широчината во предниот дел, така што шансите да ви се претесни или премногу широки е минимална.

Различни се коментарите за овој модел. Некои се воодушевени, додека пак други ги потсетуваат на опинци, само уште понеудобни од оригиналните.

Во која група спаѓате?

 

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
456 пати