Нов тренд: Нијансирани „Старки“ во бои на виножитото

27 април 2020

Љубителите на легендарните „Старки“ ќе ги израдува веста дека од „Конверс“ лансираа нов модел, кој е како создаден за лето.

Се работи за моделот „Converse Psychedelic Hoops Chuck Taylor All Star Sneakers“, а модните блогери веќе полудеа по нив, бидејќи се совршени за Инстаграм. 

Инаку, моделот доаѓа во две верзии, односно две комбинации на бои. Втората верзија е зелени нијанси.

Од брендот велат дека очекуваат новите модели да се распродадат брзо, како и претходните бидејќи се лесно воочливи и совршени за носење, но и за фотографирање.

Освен новите модели, периодов „Конверс“ започна акција за соработка со креативци под ознака #CreateAtHome, со цел да се разбуди креативноста за време на изолација, но и да се развијат идеи за следни кампањи.

Првите креативни решенија што ги објавија се од @mylosoftpaint, а изгледаат вака:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Converse (@converse) onApr 21, 2020 at 8:19am PDT

Како ви се допаѓаат новите модели и идеи?

 

фото: converse.com;

Објавено:
27 април 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
196 пати