Нова колекција на Пума со потпис на Соланж Ноулс

14 март 2014

Пејачката и продуцентка, а од минатата година и креативна директорка на спортскиот бренд Пума, Соланж Ноулс креираше  колекција на патики, насловена како „Girls of Blaze Disc“, која веќе е достапна.

-Сакав да претставам колекција создадена за девојки како мене, кои можеби и не се љубителки на патиките во секоја модна комбинација, но сакаат да си играат со мода - изјави Соланж за странските медиуми.

Како што беше и најавено, инспирацијата ја побарала во Бразил, комбинирајќи ја со својот стил и миксот на бои.

-Бразил е едно од најекспресивните места на оваа планета, кога се боите во прашање, принтовите и материјалите. Енергија, музика и живоста на земјата се нештата кои сакавме да ги прикажеме низ колекцијата, а мислам дека и јас и дизајнерите на Пума секојдневно се среќаваме со тоа“, објасни таа.

Кампањата ја следи и интересен лукбук кој ќе ви го претставиме во продолжение. Инаку од тимот многу веруваат во оваа колекција, особено имајќи предвид дека цените ќе бидат пристапни, дизајнот е впечатлив, а и удобноста е дел од карактеристиките.

tumblr_n0jdzjTHLe1r3vyzbo1_1280

tumblr_n0je1f11cJ1r3vyzbo1_1280

tumblr_n0je2wuxxk1r3vyzbo1_1280

tumblr_n0je7hbcAF1r3vyzbo1_1280

tumblr_n0je57Xa051r3vyzbo1_1280

tumblr_n0jdxu9Mnw1r3vyzbo1_1280

tumblr_n0jdvximm21r3vyzbo1_1280

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци